Човекот кој стои зад дизајнот на iPhone, iPod, iPad и Mac компјутерите ја напушта компанијата.

Главниот директор за дизајн, Џони Ајв заминува по повеќе од две децении во Apple за да почне своја сопствена компанија за дизајн. Од Apple соопштија дека ќе бидат клиенти на неговата нова компанија.

Не е посочено во соопштението на Apple за датумот кога Ајв ќе замине од компанијата. Ајв е во Apple од 1992 година како дизајнер.