Apple официјално потврди дека ја купил стартап компанојата за автономни автомобили, Drive.ai.
Претходно овој месец, The Information објави дека Apple размислува да го купи Drive.ai, откако планира да го користи инженеринг талентот на компанијата за зајакнување на сопствената програма за создавање на автономни технологии,
објави „Ројтерс“.
NEW: Apple has bought https://t.co/WSGZaFEsjg, an autonomous driving startup once valued at $200 million, Apple confirmed to Axios, and has hired dozens of https://t.co/WSGZaFEsjg engineershttps://t.co/jD1pguPdrs
— Axios (@axios) June 25, 2019
Drive.ai е една од стотиците мали стартапи, кои се занимаваат со новата технологија. Компанијата има мал тест возен парк во Тексас. Стартапот посочил пред регулаторите во Калифорнија дека планира да скрати 90 луѓе од персоналот на постојан договор, за да престане со работа.
Минатата година, компанијата од Купертино го привлече поранешниот инженер на Tesla, Даг Филд, кој раководи со процесот, вработувајќи над 5.000 вработени.
Apple, исто така, работи на клучните компоненти за автономна технологија, како сензори итн.