Кинеската компанија Xiaomi на почетокот на овој месец го претстави Mi Band 4, носечки гаџет од спортска природа кој ја наследи сега веќе старата паметна нараквица Mi Band 3.

Mi Band 4 носи неколку унапредувања, вклучувајќи го и екранот во боја и подоброто корисничко искуство кога станува збор за функциите поврзани со спортот. Се покажа дека овој уред толку многу ги импресионираше Кинезите, така што за осум дена се забележани неверојатни продажни резултати.

Како што соопштија од Xiaomi, за само осум дена биле продадени дури еден милион Mi Band 4 уреди. Треба да се нагласи дека Mi Band 4 не достапна надвор од Кина и на европскиот пазар ќе се појави за неколку дена.

Од Xiaomi откриваат дека во еден момент имале по неверојатни 5 илјади испораки на час, со што се срушени бројни рекорди.

Инаку, Mi Band 4 пристигнува со поголем OLED екран, закривено стакло и бројни функции, а од Xiaomi тврдат дека батеријата може да издржи од 15 до 20 дена. Токму моќната батерија беше еден од најголемите адути на претходната генерација.

Цената на Mi Band 4 изнесува околу 20 евра во Кина, меѓутоа не треба да се очекува толку евтина цена и на европскиот пазар. NFC верзијата која е прилагодена за бежично плаќање чини околу 30 евра и токму оваа алка ќе биде речиси сигурно најпопуларна во Европа.