DCI сертифицираниот кинематографски екран на Samsung досега е инсталиран на 39 локации во светот, од кои 7 во Европа, додека уште 14 локации се потврдени за инсталација до крај на оваа година
Компанијата Samsung во рамки на “CineEurope 2019“ ги најави своите најнови глобални инсталации на Самсунг Оникс Синема ЛЕД (Samsung Onyx Cinema LED) екранот – прв во свет ЛЕД театарски екран во согласност со “DCI“.
“Со голема возбуда ги најавуваме најновите инсталации на Оникс технологијата на Самсунг ширум светот. Со Оникс синема ЛЕД екранот, корисниците ќе уживаат во нагласено искуство при гледањето содржини во врвен квалитет на слика, збогатен сооднос на контраст и длабоки темни нијанси. Посветени сме да им овозможиме на гледачите содржина која ќе ги воодушеви со секоја сцена.” – изјави Сеог-ги Ким (Seog-gi Kim), Извршен Потпретседател на Бизнисот со Визуелни Екрани, Самсунг Електроникс.
Експанзија на Оникс низ Европа
Самсунг ги најави четирите нови иновации кои ќе бидат отворени во Европа – две во Шпанија, една во Ирска и една во Романија.
Продолжување на активностите во Шпанија
Најпрво, два екрани ќе бидат инсталирани во кината “Odeon Multicines“ во Шпанија. Киното од овој бренд со локација во Севиља, во рамки на трговскиот центар “Plaza de Armas“, ќе биде прва локација каде во септември ќе биде поставен 10-метарски екран. Веднаш по него, во октомври, на локацијата во рамки на трговскиот центар “CC San Vicente“ во Аликанте ќе биде поставен 14-метарски Оникс екран – прв 14-метарски екран поставен во Европа. Поставувањето на екраните ќе биде извршено од компаниите “Ingevideo“ и “Equipo de Cine“.
“Посветени сме да им овозможиме најдобро искуство на гледачите и Оникс дефинитивно ќе придонесе за креирање на оваа разлика. Навистина сме возбудени за нашето партнерство со Самсунг и можноста да заземеме активно учество во оваа револуција во кинематографијата“ – изјави г-дин Луис Милан (Luis Millan), Извршен Директор на “Odeon Multicines“.
Оникс за прв пат во Велика Британија и Ирска
Првиот 10-метарски екран во Велика Британија и Ирска исто така ќе биде поставен за време на третиот квартал на оваа година како резултат на постигнатиот договор со историскиот ланец кина “Movies@“. Локацијата која беше одбрана е иконската кино сала “Movies@Dundrum“, а инсталацијата ќе биде извршена од компанијата “Omnex“.
“’Movies@’ секогаш претставувал еден вид на пионер, посветен на овозможување исклучиво на врвни аудио-визуелни технологии кои поттикнуваат посета на кино. Кога ги видов овие екрани вклучени во рамки на седиштето на Самсунг во Франкфурт, квалитетот на сликата
ме остави без зборови. Навистина сме почестени што ќе работиме со Самсунг и ‘Omnex’ за да креираме радикално иновативно ЛЕД екранско искуство за Ирската публика.” – објасни г-дин Грехем Спурлинг (Graham Spurling), еден од Извршните Директори во “Movies@“.
Оникс пристигнува во Источна Европа
Првиот Оникс екран во Романија ќе пристигне пред крајот на оваа година, во киното “Cinema One“. Пет метарски Оникс ќе биде поставен во рамки на киното во трговскиот центар “Coresi” во Брашов. Интегрирањето на екранот ќе биде извршено од страна на “CinemaNext“.
“Сакаме да донесеме највисок квалитет на слика за нашиот нов аудиториум во ’Coresi’ трговскиот центар. ’Cinema One’ сака да овозможи навистина премиум искуство, а Оникс е совршениот избор.” – изјави г-дин Франческо Д’Амбросио (Francesco D’Ambrosio).
Европски Партнери на Оникс
Самсунг Оникс екранот е моментално достапен во три верзии (5-метарска, 10-метарска и 14-метарска) и овозможува поголем визуелен квалитет, подобри технички перформанси и повисок степен на релијабилност од традиционалните операции базирани на користење на проектор. Со признанието на 4К моделот како прв во светот “Digital Cinema Initiatives“ (DCI) сертифициран ЛЕД кино екран, Самсунг Оникс носи визуелна моќ на квалитетот на ЛЕД сликата и рафинирање на сликата со Висок Динамичен Опсег (HDR) директно на големиот екран, за попривлечни и поживописни содржини.
Самсунг Оникс продолжува да ги зацврстува односите со сертифицираните продажни партнери во индустријата, досега вкупно 15 на број. Според листата на која прва се најде компанијата “CinemaNext“, првиот договорен продажен партнер во Европа во 2017 година, па се до денес, се наоѓаат (по азбучен ред): “2AVI“, “ADDE“, “Cine Digital Service“ и “Cinemeccanica“ (Франција), “Cine Project“ и “Kinoton Digital Solutions“ (Германија), “Bell Production“ и “CineSonor“ (Италија), “Unique Digital Nordic“ (Норвешка), “Cenario Avançado“ (Португалија), “Equipo de Cine“, “Ingevideo“ и “Kelonik“ (Шпанија), и “Omnex“ (Велика Британија).
Самсунг во главна улога
Како водечка компанија во областа на визуелните екрани, експертизата и технологиите на Самсунг опфаќаат безброј производни дивизии, а Оникс ги носи визуелните иновации на Компанијата во кинематографската индустрија. Самсунг ги опремува своите визуелни екрани со врвни компоненти од индустријата кои беспрекорно работат заедно и креираат збогатено искуство при гледањето содржини за публиката ширум светот.
Инспирирани од благородниот камен со исто име, брендот Самсунг Оникс алудира на можноста на екранот да ја прикаже кинематографската содржина со вистински, длабоки и реалистични темни нијанси. Во комбинација со нагласен сооднос на контрастот и специјализирани поставки за ниските тонови на сивата скала, овој прецизен приказ создава посветли содржини побогати со детали кои прават гледачите да се чувствуваат како да се дел од секоја сцена.
Воедно, компанијата Самсунг Електроникс ја одржува својата позиција како број 1 светски лидер во дигитални ознаки, мерено по продадени единици, во десетта последователна година. Неодамна објавените податоци од “IHS Markit”, водечки провајдер на податоци за пазарот со дигитални ознаки, го идентификуваа Самсунг како најпродаван бренд во индустријата од 2009 година, па сѐ до ден денес. Според извештајот за технологија “Public Displays Market Tracker” на “IHS“, во 2018 година Самсунг учествувала со 25,8% од глобалниот удел на пазарот за продажба на единици дигитални ознаки.
За повеќе информации за Самсунг Оникс посетете ја страницата: https://displaysolutions.samsung.com/led-signage/onyx
За да дознаете повеќе за “CineЕurope 2019“, посетете ја страната CineEurope. За повеќе информации за најновите Самсунг иновации за визуелните екрани, како и поврзани објави, фотографии и видеа, посетете ја страната: news.samsung.com.
Поврзани артикли