На интернет се појави ново видео кое наводно го покажува Xiaomi Mi Mix 2s. Идниот предводник на кинеската компанија ќе биде официјално претставен на 27. март на специјален настан во Шангај. Видеото покажува дека Xiaomi избрал нестандарден пристап за сечењето на екранот. Ако клипчето е автентично, тогаш Mi Mix 2s ќе има пресечен дел во горниот десен агол, а во него ќе биде сместена камерата за селфи.

Според претходните гласини, новиот смартфон ќе предложи и нов интерфејс, кој нема да им пречи на виртуелните копчиња, а управувањето ќе се врши со гестови.

Секако, ова е функција на MIUI која најверојатно ќе може да биде исклучена при желба на сопственикот.

На последните слики протечени на интернет, исто така, се гледа дека Xiaomi не е во искушение да интегрира вграден сензор за отпечатоци во дисплејот и компанијата ќе користи класично решение.