Компанијата Apple објави доброволен повик за повлекување на одреден број примероци на постар модел на 15-инчниот модел на MacBook Pro од 2015. година.
Причината за повлекување на батеријата која може да се прегрее и да претставува сигурносен ризик, а отповикот се однесува на примероците кои биле продадени помеѓу септември 2015. и февруари 2о17. година.
Apple бара од купувачите да престанат да ги користат лаптопите доколку се дел од спорната група, а батеријата ќе им биде заменета бесплатно. Корисниците лесно можат да проверат дали нивниот лаптоп претставува ризик, така што на интернет страницата на компанијата ќе го внесат серискиот број на компјутерот.
Батеријата е можно да се замени во продавницата на Apple или во овластен сервис. Ако ова не е изводливо, тогаш може да се договори размена преку пошта.