Ретко кој се сеќава на проектот Amazon Spark – социјална платформа за онлајн купување – која пред некое време исчезна од интернет, така што пред неколку дена се изгубила и прилагодената апликација. Изненадување или не, само Amazon не успеа да привлече публика на оваа социјална мрежа.
Spark се појави во јули 2017 година, а платформата уште од самиот почеток наишла на критики, бидејќи ретко на кого му било јасно зошто некој сакал да ги спои купувачките навики и онлајн поврзувањето, за да заработи повеќе пари. Премиум корисниците на платформата можеа да објавуваат фотографии од нивните омилени производи, на начин кој потсетува на Instagram Feed, само што во рамките на секој пост се наоѓал и тестер кој овозможуваше купување со еден клик.
Instagram, опцијата за онлајн купување ја воведе дури во јуни 2018 година, но тоа се чинеше многу претпазливо, за новата функција да не би изгледала премногу агресивна и комерцијална. Сепак, новата Instagram функција не е тоа што и пресуди на Spark платформата, бидејќи упатените тврдат дека од самиот почеток никој не ја користел.
Amazon сепак, и понатаму не се откажува од опцијата во која корисниците промовираат тоа што го купиле преку оваа платформа, тука е и #FoundItOnAmazon, кој изгледа како комбинација на Pinterest и Instagram explore тестер, па и оние кои го посетуваат Amazon.com/spark сега се пренасочени на оваа функција.
Извор: PC Press.rs