Компанијата Microsoft минатиот месец ја отстрани понудата на лаптопи на Huawei од својата онлајн продавница по наредбата на американската влада, но уредите сега повторно им се достапни на купувачите.

Microsoft се уште ќути за тоа дали лаптопите на Huwei ќе добијат лиценцни за Windows, но сепак ги врати во својата онлајн продавница.

Корисниците на интернет забележаа дека повторно е можно да се купат MateBook 13, Matebook и MateBook X Pro. Сепак, наведено е дека нема залихи од MateBook X Prо.

Од Microsoft е наведено дека Huawei е вратен на листата на американското министерство за трговија и дека резултат на тоа е продолжувањето на продажбата на постоечките залихи на уредите на Huawei преку Microsoft Store.

Важните зборови се „постоечките залихи”, чија продажба е дозволена според моментните американски закони.

Huawei го одложи претставувањето на новиот лаптоп со Windows.