Самовозечкиот електричен камион Vera на шведскиот Volvo веќе се користи за транспорт на товар во пристаништето во Гетеборг.
Возилото својот погонски систем го дели го дели со електричните камиони на Volvo, моделите FL Electric i FE Electric, но за разлика од нив нема кабина за возачот, бидејќи овој камион шлепер е опремен со систем за автономно возење.
Најновиот проект, спроведен во дело на пристаништето во Гетеборг, е плод на соработката помеѓу Volvo Trucks и логистичка компанија DFDS, а целта е да се покаже дека Vera е во состојба да служи како транспортно автономно возило со нулта емисија на слични локации ширум светот, водено многу прецизно на кратки релации.
Во Гетеборг, овие самовозечки електрични камиони веќе сообраќаат од логистичкиот центар на пристанишниот терминал, транспортирајќи бродски контејнери. Камионите се движат со брзина до 40 km/h, а нивното возење се следи од контролна кула.
Овој проект е првиот чекор кон употребата на самовозечки камиони на јавни патишта во рамките на големи индустриски зони, велат од Volvo Trucks.

Извор: Додај Гас