Социјалната мрежа Twitter соопшти дека избришала речиси 4.800 сомнителни налози.

Станува збор за налози за кои постои сомнеж дека се поврзани со властите во Иран и кои служеле за промовирање на иранските државни интереси.

Twitter информира дека овие налози ќе бидат префрлени во јавната база на податоци што социјалната мрежа ја покрена лани за борба против дезинформациите.

Во базата покрај најновите, се наоѓаат и претходно избришани налози поврзани со Русија, Венецуела и шпанската област Каталонија.