„Светот е преполн со неверојатни и изненадувачки видови. Особено во длабочината на океаните се кријат необични и таинствени суштества. Некои од нив живеат на многу големи длабочини, што многу ретко имаме можност да ги снимаме и да ги проучуваме“ – пишуваат од „Animal Channel“.

Еден од таквите ретки видови од подводниот свет е и октоподот tremoctopus, кој на англиско говорно подрачје често се нарекува “blancet octopus“, затоа што има долго, тенко и рамно тело кое изгледа како прекривка. Ова животно своите денови ги поминува пливајќи во Атлантскиот и Тихиот океан.

Во 2019-та година еден од нуркачите снимил два такви октоподи како пливаат во обалата на Филипините. Ја објавил неговата видео снимка на Јутјуб, а таа набрзо станала вирална.

Чудно се оплодуваат

Овој вид припаѓа во еден од најчудните парови на водниот свет. Разликата помеѓу големината на мажот и женката е изненадувачка, пишуваат од „National Geographic“.

Мажите се со големина на орев, значи неколку центиметри, додека пак женките може да бидат големи до неколку метри. Женките се и многу подебели од своите партнери, можат да тежат и 40.000 пати повеќе од мажјаците.

Малиот мажјак го одделува неговото продолжение на телото, во кое што се наоѓа спермата и ѝ го дава на женката која ја чува во празнината на нејзината обвивка се додека не се постигне оплодување. Женката тогаш “подготвува“ повеќе од 100.000 јајце клетки, го зема продолжението од мажјакот и ги посипува јајце клетките со спермата.

Имуни на исклучително отровни суштества

За разлика од многу други видови октоподи, tremoctopus никогаш не се одмора на морското дно.

Исто така тие природно се имуни на отров од “португалската галија“ која спаѓа во една од најотровните суштества на светот.

Извор: Index.hr