Logitech е присутен не овогодинешната Е3 гејмерски конференција, а компанијата прикажа надградени G903 Lightspeed, G703 Lightspeed и G403 гејмерски глувци.

Глувците сега го имаат истиот 16.000 DPI HERO сензор, познат по високата прецизност, што може да се види во моделите од повисок сегмент. Исто така постојат и неколку други промени. G903 има добро познат безжичен дизајн со низок lag, голем број на тастери, додека подобрената ефикасност на сензорот овозможува 140 часа траење на батеријата (наспроти 32 часа претходно).

G703 не трае многу подолго од претходно (35 часа наспроти претходните 32), но сега е значително полесен од претходниот модел: 95 грама наспроти 107 грама. Конечно, наједноставниот G403 модел е единствениот во триото кој има кабел, а следењето е примарен фокус на ова глувче.

Сите три глувци се очекуваат на пазарот во јуни, по цена од 70 долари за G403, 100 за G703 и 150 за моделот G903.