За време на E3 2019, LG ги претстави првите 1ms IPS гејминг монитори во светот. Се работи за UltraGear серијата на дисплеи, која нуди извонреден квалитет на сликата на Nano IPS панелите, со ултра-брз одзив и 144Hz освежување.
Новите LG 1ms IPS панели доаѓаат во два варијанти: 38-инчниот 3840 x 1600p 38GL950G модел и 27-инчниот 2560 x 1440p 27GL850 модел. Моделот со 38 инчи има G-Sync екран, додека 27-инчниот модел e G-Sync Compatible (Adaptive-Sync). Моделот од 38 инчи ја поддржува и технологијата LG Sphere Lighting 2.0.
Двата монитори поддржуваат 10-битни бои и нудат 98% покриеност за DCI-P3 спектарот на бои, како и 135% за sRGB. 27-инчниот UltraGear ќе поддржува HDR10 и 144HZ стапка на освежува, додека 38-инчниот модел поддржува DisplayHDR 400 спецификации и брзина на освежување на 144Hz, што може да се оверклокува до 175Hz.
Двата нови Nano IPS 1ms монитори од LG ќе бидат достапни во третиот квартал во Европа.