Она што сите го очекуваа конечно беше официјално потврдено. Откако AMD објави и потврди дека Zen 2 Ryzen процесорите на компанијата може да имаат два чипсети, беше познато дека 16-core процесорите би можеле да станат реалност на AM4 платформата. AMD сега официјално го претстави својот прв 16-јадрен AM4 процесор: Ryzen 9 3950X.

AMD Ryzen 9 3950X нуди повеќе брзини на работа, понизок TDP и посупериорен IPC во споредба со постарите модели Threadripper. На кратко, Zen 2 е извонредна архитектура со која AMD сака да ја достигне водечката позиција на пазарот.

Најголемиот дел од AMD Ryzen линијата од третата генерација на процесори ќе се појави на пазарот на 7-ми јули, додека за 16-јадрените модели ќе биде потребно малку повеќе време за да се подготват. AMD планира да го објави Ryzen 9 3950X во септември, по цена од 749 долари. Процесорот нуди најголема на boost такт брзина од целата Ryzen линија на третата генерација, што го прави најбрз single-thread потрожувачки процесор кој досега го создал AMD.