Инстаграм наскоро ќе им овозможи на корисниците да спуштат копија од комплетната содржија која што ја поставиле на своите профили, соопштија од компанијата.

Ваквата одлука следува по се поголемата загриженост за приватноста на корисничките податоци на социјалните мрежи и количината на податоци со кои компаниите располагаат.

Фејсбук веќе им овозможува на корисниците да ги спуштаат своите фотографии, пораки, реклами на кои што кликнале и нуди можност корисниците да ги прегледаат сите нивни активности на социјалната мрежа.

Од Инстаграм не соопштија кога точно планираат да ја овозможат оваа алатка.