AMD официјално објави две нови графички картички: RX 5700 XT и RX 5700. И двата модели ги користат новото Navi графичко јадро на AMD, кое нуди подобрен GPU IPC за да се овозможи 25% подобри перформанси, а поголема брзина на работа по прифатлива цена.

RX 5700 XT ќе биде од доменот на Nvidia RTX 2070 графичката картичка, и ќе чини 449 американски долари, додека RX 5700 се натпреварува со RTX 2060 моделот и ќе чини 379 долари. Со RX 5700 XT моделот, AMD предвидува од -1% до + 22% разлика во перформанси во споредба со RTX 2070 @ 1440p, додека RX 5700 ќе нуди од +2 до + 21% разлика во перформансите со иста резолуција.
amd2_127.jpg
Кога станува збор за дизајнот и функционалноста на новите графички картички, AMD RX 5700 серијата користи стандарден кулер за издувување воздух, слично на постарите референтни дизајни на Radeon. GPU го имплементира 7-фазно решение за напојување и нуди 8 + 6-пински систем. Со оваа генерација, AMD користи воздушна комора и “blower” вентилатор за Navi да биде разладен и да работи тивко, дури и кога има оверклокување.
amd3_39.jpg
Се смета дека Navi ќе понуди 1.5x зголемување во перформансите во споредба со последната генерација на производи на AMD.