HMD Global денес го претстави својот најпристапен Android One телефон – Nokia 2.2. Новиот уред ги нуди сите најважни карактеристики што ги имаат паметните телефони, по цена од само 90 евра.
Nokia 2.2 доаѓа со 5,7-инчен IPS екран со HD+ резолуција и засек во форма на капка каде е поставена 5MP камера. На задната страна е 13MP камера со LED блиц. Нема сензор за отпечаток од прст и се отклучува со Face Unlock.
Телефонот има Helio A22 чипсет, со quad-core процесор, во комбинација со 2GB или 3GB RAM меморија. Складирањето е достапно во 16GB и 32GB варијанти, и може да се прошири преку microSD слотови. Капацитетот на батеријата е 3000mAh, и се полни преку microUSB порта.
Кога станува збор за софтверот, Nokia веќе долго време е дел од програмата Android One, па така Nokia 2.2 моделот го има истиот систем. Телефонот користи речиси фабричка верзија на софтверот Android Pie и ќе добие надградба на Android Q.
Nokia 2.2 доаѓа во варијанти “црна и челик”, и ќе биде пуштен во продажба од 11-ти јуни. Варијантата со 2GB RAM и 16GB меморија има цена од 90 евра, додека варијантата од 3GB / 32GB чини околу 102 евра (во Индија каде што е претставен телефонот). HMD истакна дека Nokia 2.2 ќе има глобална цена од околу 99 евра, но датумот на глобално лансирање на телефонот не беше објавен.
Поврзани артикли