Никола Тесла е познат по бројни изуми без кои модерниот свет не би бил ваков каков што е. Прочитајте ги десетте факти за еден од најголемите изумители на сите времиња кои веројатно не сте ги знаеле.

1. Човек од гром

Благодарение на популаризацијата на еколошки освестените технологии и адвентот на новата ера на електричната енергија, овој визионер повторно го досегна местото кое го заслужува. Впрочем, што да се каже за човекот кој се родил за време на бура и ја измислил наизменичната струја? Не, не се шегуваме.  Никола Тесла се родил околу полноќта помеѓу 9-ти и 10-ти јули, а според приказната која ја раскажува неговото семејство, бабицата ги испружила рацете во воздух и во паника рекла: „ Oва ќе биде дете на темнината”, на што неговата мајка одговорила: „Не, ќе биде дете на светлината”.

2. Музејот на Никола Тесла во САД е финансиран благодарение на стрип

Кулата на Тесла, односно Варденклиф е реставриран благодарение на интервенцијата на најголемите обожаватели на неговиот живот и дело. Годинава зградата ја откупи Центарот за наука Тесла за околу 1,3 милиони долари. Средствата беа собрани преку страницата за јавно финансирање IndieGoGo, преку кампања на Метју Инман, илустраторот познат по онлајн стрипот Oatmeal.

3. Тесла бил загрижен еколог

Според зборовите на современиците, Тесла бил многу загрижен поради фактот дека пребрзо се трошат ресурсите на нашата планета, што го поттикнало да се бави со обновливи извори на енергија. Поради тоа, одлучил да ги проучува начините на извлекување природна енергија од земјата и воздухот. Во својата лабораторија создал вештачки гром и забележал разлика помеѓу потенцијалот на Земјата и предметите високо во воздухот.

4. Тесла ја концепирал технологијата на смартфоните уште во далечната 1901

Тесла имал навистина одлични идеи, но ретко кога успевал да ги проведе во пракса. Во трката за развивање трансатлантско радио, на неговиот деловен партнер Џ. П. Морган му претставил нови начини на инстант комуникација – праќање на состојбата на берза и кратки телеграмски пораки. Тој праќал пораки кои ги кодирал и ги праќал преку избрана фреквенција, која потоа ја праќал до уред кој го собирало во рака. Со други зборови, во тоа време измислил нешто како смартфон и безжичен интернет. Импресивно, нели?

5. Тесла успеал да го преплаши Марк Твен

Постои позната легенда за случката кога Тесла во лабораторијата имал функционална машина за земјотреси кои можеле да ја потресат неговата зграда и наводно во еден експеримент срушил цел кварт. Уредот на Тесла наводно не бил машина за земјотреси, туку осцилатор на фреквенции. Клип сместен под платформите во лабораторијата создавал огромна бучава и тресење за време на експериментите.

Квартот, наводно не успеал да го сруши, но тоа што му пошло од рака е што го преплашил Марк Твен, кој еден ден го поканлил во својата лабораторија, а кога ја вклучил машината, Марк Твен избегал во тоалетот.

6. Тесла полудувал секогаш кога ќе видел бисери

Се чини дека бисерите биле криптонитот на Тесла. Секогаш кога ќе ги видел во него се создавало толкаво гадење што не можел да разговара со жената која ги носела. Кога неговата секретарка ќе дошла на работа со бисери околу вратот, ја праќал дома. Никој не знае зошто имал толкава аверзија кон бисерите, но знаеме дека имал специфичен вкус за стил и естетика. Имал и чуден вкус, па на секоја вечера носел бели ракавици и се сметал за фино облечен маж.

7. Тесла панично се плашел од микроби, а користел фотографско памтење

Тесла бил познат по фотографското памтење. Знаел да запамти слики во книгите и ги користел како телеми за своите изуми. Исто така, наводно можел да визуелизира во три димензии. Исто така, имал голем страв од бактерии, а причината била колерата од која настрадал како мал.

8. Направил кула која извлекува струја од воздухот

Неговиот изум е 56 метри висока кула на Лонг Ајленд, а планот му бил да извлекува струја од воздухот и да ја праќа кон примател на земјата. За жал на сите нас, проектот не бил довршен до крај. Во 1917 година, кулата била срушена, а виновници биле инвеститорите кои по хаваријата сакале да украдат што повеќе од изумите на Тесла.

9. Некои изуми на Тесла станале државни тајни

Откако умрел во 1943, повеќето од неговите предмети завршиле во рацете на неговото семејство, а голем дел од нив биле префрлени во Музејот на Тесла во Белград. Некои документи, уште стојат скриени во архивите на американската влада.

10. Тесла буквално планирал да ја осветли целата планета

Ексцентричниот научник бил уверен дека може да ја осветли Земјината атмосфера, растерувајќи ја темницата и создавајќи нова ера на вечно светло. Тесла развил теорија дека горната атмосфера содржи гасови кои можат да спроведуваат електрична енергија со висока фреквенција, која – ако се би с еодвивало според планот, би создала „ноќно светло за целата планета”.

Извор: Tportal.hr