Lenovo официјално ќе го претстави смартфонот S5 Pro на медиумски настан што ќе се одржи на 18. октомври. Паметниот телефон е надградена верзија на Lenovo S5 која ја видовме претходно оваа година. Соопштението лично го потврди потпретседателот на компанијата, Чанг Ченг, кој навести дека Lenovo S5 Pro ќе ни понуди импресивна селфи камера. Телефонот се очекува да биде опремен со двојна предна камера со резолуција од 16MP. Задниот дел, исто така, ќе има двојна камера, но со резолуција од 13 мегапиксели

Lenovo S5 Pro ќе има 5.7 инчен дисплеј кој има Full HD резолуција со сооднос од 18: 9. Смартфонот ќе работи на Qualcomm Snapdragon 625 процесорот, кој е надополнет со 4GB RAM меморија. Вградената меморија е или 32GB или 64GB. Lenovo S5 Pro ќе работи под Android 8.1 Oreo, а батеријата работи на 3000mAh. Сите детали на новиот паметен телефон се познати, а за само една недела ќе дознаеме која ќе биде цената за европскиот пазар.