Skype официјално започна со screen-sharing за Android и iOS уреди помалку од неколку месеци откако функцијата беше пуштена во бета верзијата. Screen-sharing може да биде важна алатка за видео повици, без разлика дали се работи за лични или работни цели – да речеме, да му ги покажете на колегата графиконите на кои сте работеле или да му покажете на вашите пријатели како да пронајдат одредена поставка во нивниот телефон. Крајно време е што оваа функција стана достапна и за мобилен, со оглед на тоа што паметните телефони се насекаде.
Редизајнираното мобилно повикувачко искуство на Skype сега е исто така официјално пуштено за корисниците. Тоа ви овозможува да се фокусирате на видео повиците со криење на контролите на повик со еден допир и сите елементи на екранот со двоен допир.