Владата на Нов Зеланд сака “поефикасно” да ја оданочува дигиталната економија, надевајќи се дека ќе го реши проблемот со мултинационалните дигитални компании кои имаат значителен бизнис во земјата, но не плаќаат данок на приходи, пренесува ZDNet.
Објавувајќи документ за дискусија околу тоа како нацијата треба да оданочува мултинационални компании, владата на Нов Зеланд истакна два можни начини за тоа: првиот е да се обиде да ги вклучи другите земји во борбата за промена на меѓународните правила за данок на доход, а втората е да примени посебен данок за одредени дигитални трансакции.
Во заедничката изјава, министерот за финансии, Грант Робертсон и министерот за приходи, Стјуарт Неш, рекоа дека втората опција, данок на дигитални услуги (ДСТ), би била насочена кон одредени големи дигитализирани бизнис модели.
Двајцата челници соопштија дека данокот нема да се применува на продажба на стоки или услуги, туку на дигитални платформи кои зависат од база на корисници за приход од рекламирање или податоци.
“Мораме да ја заштитиме нашата економија и интегритетот на нашиот даночен систем. Современите деловни практики, особено дигитализацијата, значат дека една компанија може значително да учествува во економскиот живот на една земја, без да плаќа данок на приход или промет”, се вели во соопштението.
Поврзани артикли