Apple изјави дека новиот Mac Pro ќе чини 6.000 долари, но јасно е дека цената на моделот со најдобри спецификации ќе биде уште поголема.
Новинарите на веб-страницата The Verge си “поиграа” со конфигурациите и заклучија дека апсолутниот минимум потребен за купување на најдобриот Mac Pro изнесува 33.720,88 долари без пресметка на четири графички процесни единици со кои цената се зголемува на околу 45.000 долари.
За оваа сума, видеомонтажерите и други креативни професионалци добиваат голема моќност, односно 2.5 GHz 28-јадрен Intel Xeon W процесор, речиси невозможна 1.5 TB RAM меморија, 4 TB SSD меморија и четири AMD Radeon Pro Vega II Duo GPU единици.
Пресметувајќи го и Pro Display XDR мониторот и Pro Stand држачот, Mac Pro би можел да чини и околу 50.000 долари.
Поврзани артикли