Истражувачите при Донели центарот во Торонто откриле дека десетици гени, за кои претходно се сметаше дека имаат слични улоги во различни организми, се всушност уникатни за луѓето и може да помогнат да се објасни човековата еволуција, пишува Science Daily.

Овие гени се кодирани за класа на протеини познати како транскрипциски фактори, или TF, кои ја контролираат активноста на гените. TF ги препознаваат специфичните фрагменти на ДНК кодот наречен мотиви, и ги користат за да ја поврзат ДНК-та и да ги вклучат или исклучат гените.

Претходните истражувања сугерираа дека TF, кои изгледаат слични во различни организми, исто така, ги поврзуваат сличните мотиви, дури и кај различни видови како што се овошните муви и луѓето. Но, една нова студија од лабораторијата на професорот Тимоти Хјуз, во Донели центарot за клеточни и биомолекуларни истражувања, покажува дека ова не е секогаш случај.

Пишувајќи во списанието Nature Genetics, истражувачите ја опишуваат новата метода која им овозможила попрецизно да ги предвидат секвенците мотиви каде што секој TF се врзува во многу различни видови. Наодите откриваат дека некои под-класи на TF се многу функционално разновидни, отколку што претходно се мислеше.

“Дури и меѓу тесно поврзаните видови постои незначителен дел од TF, кои најверојатно ќе ги поврзат новите секвенци”, вели Сем Ламберт, поранешен студент во лабораторија Хјуз, кој го направи најголемиот дел од истражувањето.

“Ова значи дека тие веројатно ќе имаат нови функции со регулирање на различни гени, што може да биде важно за разликите во видовите”, вели тој.

Дури и помеѓу шимпанзата и луѓето, чии геноми се 99 проценти идентични, постојат десетици TF кои ги препознаваат различните мотиви помеѓу двата вида, на начин кој би влијаел на изразувањето на стотици различни гени.