Пчелите исчезнуваат со алармантни стапки, и ова е нешто што го загрозува целото производство на храна. Во последниве години, само комерцијалните пчелари во САД забележуваат пад од 38 отсто на колониите на пчели, пренесува ZDNet.
Тоа претставува лоша вест, бидејќи пчелите годишно придонесуваат околу 174 милијарди долари во глобалната агропрехранбена индустрија. Всушност, една третина од храната што се консумира низ целиот свет зависи од оплачувачите, првенствено пчелите. Самата индустрија на пчели е масивна, со околу 91 милиони кошници на пчели ширум светот.
Меѓу многуте решенија со кои се обидуваат да се сопрат загубите, интернетот на нештата и сателитските комуникации играат одгромна улога. ApisProtect, ирски иноватор во полето на агротехнологијата, создаде уред кој се користи преку интернетот на нештата (IoT) за следење на здравјето на пчелите.
Наменет за комерцијални пчелари, сензорот, наречен ApisMonitor, се прицврстува на долната страна на покривот на кошницата, каде што собира податоци и ги испраќа до серверите ApisProtect.
“ApisProtect ќе им обезбеди на пчеларите да се во тек со актуелни согледувања кои ќе ги информираат за состојбата на нивните кошници, ќе ги идентификуваат проблематичните колонии и ќе сугерираат различни активности за да ги одржуваат своите колонии здрави и да ги спречат загубите, обезбедувајќи 24/7 систем за рано предупредување”, вели Фиона Едвардс Марфи, ко-основач и извршен директор на ApisProtect. “Ова исто така ќе им овозможи да направат претходни интервенции во случај на проблем, што, пак, ќе доведе до намалување на трошоците”.
Компанијата на Марфи најави и соработка со Inmarsat, светски лидер во глобалната мобилна сателитска комуникација. Целта на соработката е да се развие глобално решение преку IoT за поврзани пчеларници, со цел да се спречи значителниот пад на пчелните популации и да се зголеми производството на растителни култури ширум светот.