Новата студија што се занимава со можностите за пронаоѓање на вонземски живот, проценува дека би можеле да ја делиме нашата галаксија со над 30 интелигентни цивилизации.

Едно од најстарите прашања во историјата на човечките мисли е „дали во нашиот универзум постојат уште интелигентни облици на живот – освен човечкиот?“.

Меѓутоа, добивањето на добрите проценки секогаш било исклучително тешко.

Новото истражување од Универзитетот во Нотингем, објавено во списанието „Astrophisical Journal“, дава нов пристап кон овој проблем.

Врз основа на претпоставките дека интелигентниот живот се формира на другите планети, на сличен начин како и на Земјата, истражувачите дале проценка за бројот на интелигентни цивилизации во Млечниот пат кои што хипотетички би можеле да постојат.

Авторите на истражувањето проценуваат дека во нашата галаксија би можело да има над 30 активни интелигентни цивилизации.

Дали мислите дека постојат и други облици на живот надвор од нашата Земја?

Во таа смисла, професорот по астрофизика од Универзитетот во Нотингем, Кристофер Конселис, кој што го водел ова истражување, изјавил:

„Под претпоставка дека се потребни пет милијарди години интелигентниот живот да се формира на другите планети, како што се случи тоа на Земјата, во Млечниот пат би требало да постојат најмалку неколку десетина активни цивилизации. Идејата е да се гледа на еволуцијата, но и на космичкото ниво“ – заклучил тој.

Извор: Alo.rs