Пред две години “Ultimate Ears” лансираше гломазниот Bluetooth звучник кој нуди звук од 360 степени спакуван во тело со големина на лименка. Сега, компанијата го надгради Wonderboom со дизајнот од Boom 3, појак звук и подолг век на батеријата. Wonderboom 2 добива специјално прилагодени аудио профили за да ги направат мелодиите да звучат подобро на отворено, а неговата моќ е продолжена од 10 часа на 13.

Како и претходно, Wonderboom 2 е обвиен од високо квалитетни материјали и добива рејтинг IP67, од IPX 7 на својот претходник. Тоа значи дека ќе се спротивстави на прашина, како и на вода (до длабочина од еден метар до 30 минути) за туширање, забави на базени и правливи планински патеки. Wonderboom 2 ќе биде достапен од 25-ти јуни за 99,99 долари, во четири бои: црвена, сива, црна и сина.