Индустриски експерти пресметале колку ќе биде вредноста на роботизираната такси служба во 2030 година.
Според нивната проценка, вредноста е од 2 трилиони долари (2.000 милијарди долари годишно). Аналитичарите на UBS Grup AG до оваа неверојатна сума дошле врз основа на симулација на услугата во Њујорк, земајќи ги предвид сите можни трошоци за такви флоти на роботизирани возила, пишува Detroit News.
Проценките покажуваат дека главните играчи ќе бидат денешните обезбедувачи на транспортни услуги како што се Uber и Lyft, но исто така ќе бидат вклучени и голем број производители, како Volkswagen, General Motors i Daimler. Голема улога ќе има и Waymo.
General Motors веќе ја најави скората премиера на својата флота на автономни роботизирани такси возила. Станува збор за околу 2.500 примероци од моделот Chevrolet Bolt, кои ќе циркулираат улиците на Сан Франциско. Но, General Motors веќе е соочен со голем број проблеми, првенствено врзани во регулативата за безбедност во сообраќајот.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли