Samsung веќе со години имплементира централно поставен систем на камери на задната страна на своите Galaxy S и Note линии на телефони, но ова би можело да се промени со претстојниот Galaxy Note10 модел.
Бидејќи бројот на камери и сензори на задната страна се зголемува, се потешко е да се имплементираат на начин тоа да не биде непријатно за око и да не се расипе целокупниот дизајн на смартфонот. Решението на Самсунг би можело да изгледа како на следните фотографии.
Рендерите се креирани врз основа на протечените скици на наводниот аранжман на камери на задниот дел на Note10 моделот. Камерите се сместени во горниот лев агол, иако е потребно да се истакне дека обликот на модулот и позицијата на блицот засега се само шпекулации, бидејќи не постојат никакви информации, ниту скици.
Она што му недостастува на овој систем е сензор за отчукување на срцето, а изгледа дека Samsung би можел да го отстрани, како што тоа го направи и на Galaxy S10 5G моделот.
Поврзани артикли