Без разлика на тоа што секој произведител се труди паметниот телефон да има што е можно повеќе меморија за податоци, на корисниците едноставно никогаш не им е доволно. Еве неколку кул трикови со цел да го надминете овој проблем.

Да бидеме реални, на сите нас порано или подоцна ни се случува да ја наполниме меморијата на телефонот и да ни биде потребен екстра простор и тоа баш тогаш кога сакаме да инсталираме некоја нова апликација или да направиме фотографија или видео.

Нема место за паника бидејќи имаме решение за проблемот:
1. Избришете ја кеш меморијата на интернет пребарувачот
2. Направете го истото на Фејсбук и Месинџер апликациите
3. Избришете го купот од стари СМС пораки кои веќе не ви се потребни
4. Избришете го фолдерот Downloads
5. Вклучете ја Google Photos опцијата која отстранува дупликат фотографии во меморијата
6. Исчистете ги сите прегледани филмови и видео материјали кои не ви се потребни
Доколку ви треба повеќе видео упатство како да ги направите сите овие работи, погледнете го следното видео.