Windows 10 во борба против небезбедните Wi-Fi мрежи

По претставувањето на мајските надградби за оперативниот систем Windows 10, Microsoft ја откри намерата да отстрани некои од функциите од идните верзии на овој оперативен систем.

Една од нив е отстранување на поддршката за поврзување на Wi-Fi мрежите кои се заштитени со постар WEP алгоритам, кој во денешно време се смета за небезбеден.

На корисниците им се препорачува употреба на помодерни и подобри WPA2 и WPA3 алгоритми, од кој овој вториот е претставен минатата година.

За корисниците да бидат информирани на време за оваа промена, веќе кај мајската надградба ќе биде видливо предупредување за укинување на поддршката за WEP.

Таа официјално би можела да биде укината веќе со доаѓањето на есенското ажурирање за Windows 10, кое може да се очекува во текот на октомври или во ноември.