Компанијата Asus го претстави еден од своите најнапредни преносни компјутери на сите времиња.
Се работи за лаптопот ZenBook Pro Duo кој има два 4K екрана. На местото каде се наоѓа екранот сместен е 15-инчен OLED екран со формат 16:9, но над тастатурата е сместен IPS ScrenPad Plus дисплеј со формат 32:9 со иста должина, со 50 проценти широчина.
За разлика од Touch Bar, ScreenPad Plus не одзема ништо од ZenBook Pro Duo, освен што ја троши батеријата. Лаптопот и натаму поседува тастатура во целосна големина со ред функциски копчиња, вклучувајќи го “escape”, а тракпадот се наоѓа на десната страна. Дизајнот потсетува на Asusove Zephryus гејминг лаптопите, а тракпадот може да се користи како numpad. HP проба нешто слично неодамна, но вториот екран беше многу помал.
Asus подготви и софтвер за ScreenPad Plus, кој го прави повеќе секундарен контролен панел, но може да се користи и како монитор или дури и да се подели на два дела (16:9, 1080p). Можно е да се постави да работи како екстензија на главниот екран, така што страниците се спушаат над тастатурата во случај на скролање надолу, а може да се користи и за гледање мултимедијални содржини, додека главниот екран се користи за работа.
ZenBook Pro Duo има осмојадрен Intel Core i9 процесор и Nvidia RTX 2060 графичка картичка. Поседува четири микрофони наменети за користење на асистентите Alexa и Cortana, а на долниот раб има сина светлина, која се активира со гласовни команди. Тука е и Thunderbolt 3 портот, дба USB-A порта, влез за слушалки и HDMI порт. Лаптопот е тежок 2,5 кг.