Посетителите ќе можат да го видат посебниот инфо камион на „Ваилант“, во кој ќе бидат претставени најактуелните производи, како и современите технолошки решенија од областа на гасната техника.

ФОТО: Никола Бурагев

Во текот на денешниот ден, од 10 до 18 часот, на плоштадот Македонија наспроти Триумфална капија се одржува Роудшоу изложба на водечкиот германскиот енергетски бренд „Ваилант“ (Vaillant). Изложбата доаѓа во Скопје директно од Германија во рамки на Саемот ISH во Франкфурт.

На денешната изложба, посетителите ќе имаат прилика да го видат посебниот инфо камион на „Ваилант“ (Vaillant), во кој ќе бидат претставени најактуелните производи, како и современите технолошки решенија од областа на гасната техника, обновливите извори на енергија, климатизација и вентилација.

Посетителите ќе имаат прилика да се запознаат и со Green iQ производите, кои ги одликува највисок степен на ефикасност во работата на овие уреди, кои овозможуваат максимална заштеда на енергија. Исто така, овие уреди се еколошки прифатливи, со висока можност за рециклирање на материјалите од кои се составени производите. iQ вмреженото размислување е потпрено на паметната технологија на регулација и управување за целосна удобност на корисниците, – велат од компанијата „Ваилант“.

Системите на „Ваилант“ комбинираат повеќе извори на енергија (гас, струја, обновливи извори на енергија) во зависност од надворешните услови и својства, максимално да се намалат трошоците и потрошувачката на енергија.

Токму на оваа изложба посетителите ќе можат да се запознаат со најновите на системски решенија на „Ваилант“, а ќе биде претставена и напредната генерација на гасниот котел ecoTEC exclusive кој и припаѓа на линијата високоефикасни и интелигентни уреди на Green Iq линијата, наведуваат од компанијата.

Исто така, од портфолиото уреди со обновливи извори на енергија ќе бидат претставени топлотни пумпи воздух/вода од новиот модел split aroTHERM, како и системското решение вода/вода и земја/вода flexoTHERM.

„Ваилант“ разви и фотонапонски модули за производство на електрична енергија и соларните батерии auroPOWER и eloPACK. Во таа смисла, покрај соларните системи за производство на енергија за потрошувачка на топла вода ќе бидат изложени и фотонапонските модели.

„Ваилант“ посебно внимание му придава на развојот на управувачкиот систем, а во рамките на изложбата ќе бидат претставени нови регулации кои овозможуваат највисок стандард и квалитет на управување на системот на греење, ладење и подготовка на потрошната топла вода со користење на апликации кои му обезбедуваат на корисникот да управува со својот систем во објектот од оддалечено место, со користење интернет на мобилниот телефон или таблет.

На крајот, во рамките на „Ваилант“ Роудшоу ќе биде претставена технологијата на рекуперација на воздухот recoVAIR како исклучително битен систем кој придонесува за квалитетот на воздухот во објектите и енергетските заштеди.