Фановите на iPod на Apple конечно имаат причина за задоволство, бидејќи компанијата од Куперино претстави подобрена верзија на iPod Touch.
Новиот iPod touch доби A10 Fusion процесор, кој го користи iPhone 7, како и нова верзија со меморија од 256 GB.
Се работи за прво подобрување на овој iPod, уште од шестата генерација претставена во јули, 2015. година. Освен овие две промени, се чини дека Apple многу не го менуваше iPod touch, кој и натаму има 4-инчен екран со рамки, home копче и идентични камери.
Треба да се напомене дека iPhone 7 моментно е најслабиот смартфон што го продава Apple, но неговиот A10 процесор, сепак е доволно моќен за неколку нови функции, како групните FaceTime повици и ARKit AR апликации, можности кои претходно ги немаше iPod touch. Компанијата тврди дека во споредба со постариот модел, подобрената верзија е двојно побрза и дека дека има три пати побрза графика.
Apple ја нагласува претстојната Apple Arcade гејминг претплатничка услуга како клучен дел од новиот уред, што веројатно е причина за подобрување на спецификациите, а се со цел новиот уред да може да ги покренува сите овие игри. Тоа има смисла, бидејќи Apple се фокусира на претплатата како нов извор на приходи.
Основниот модел на iPad со 32 GB интерна меморија чини 199 долари, за верзијата со 128 GB е потребно да се издвојат 299 долари, додека новата верзија со 256 GB чини 399 долари.