Македонски Телеком ја информира јавноста дека дел од корисниците добиваат пораки за наградна игра од лажна веб страница или т.н. Phishing комуникација, на којашто се објавуваат неточни информации во име на нивната компанија.

Телеком се оградува од овие пораки и им препорачува на корисниците да не учествуваат во наградната игра поради ризик од злоупотреба на нивните лични податоци.

Единствени официјални канали за дигитална комуникација на компанијата се: Website:www.telekom.mk, FB: http://bit.ly/2wwMrP7, Instagram: https://bit.ly/2VWJO4T, Twitter: https://bit.ly/2Mdx0T8, и LinkedIn: https://bit.ly/2QWy0fm.