Компанијата Virgin Galactic на Ричард Бренсон ја претстави технологијата што ќе донесе револуција во начинот на патување и ќе им овозможи на патниците да патуваат со брзина од 1.000 км/час.

Посебните капсули се движат со помош на струја и моќни електромагнети, без да ги допрат шините. Конструкторите тврдат дека Hyperloop е трипати побрз од најбрзите Mаглев возови.

Промотивното видео открива комерцијален систем на иднината, се гледа внатрешноста на капсулите, погонскиот механизам и батериите.

Интересно е што Hyperloop не мора да запре на секоја станица, додека капсулите би се движеле во конвој. Од Virgin истакнуваат дека нивната технологија не произведува бука, ниту штетни гасови, а се движи побрзо од комерцијалните авиони.