AMD во текот на Computex ги најави своите претстојни процесори од третата генерација, а Извршниот директот на компанијата Лиза Су ги прикажа првите светски 7 нанометарски десктоп чипови.

Главна ѕвезда на новата серија процесори без сомнение е Ryzen 9 3900X, со 12 јадра и 24 thread-ови, со цена од 499 долари. Процесорот би требало да се натпреварува со 12-јадрениот Intel i9-9920X модел, чија цена изнесува околу 1190 долари. AMD истакнува дека TDP (thermal design power) чипот е 105W во споредба со помалку ефикасните 165W TDP на Intel. Со Ryzen 9 3900X моделот, AMD сака Intel да победи на полето на перформанси, вредност и ефикасност.

Сите AMD Ryzen чипови од третата генерација ја користат новата Zen 2 архитектура, чиплет заснованиот дизајн, кој ќе нуди подобрување на перформансите од 15 проценти во секоја апликација. Чиповите ги карактеризира и двојно повеќе cache во однос на претходната генерација. Ryzen 3900X има основна/boost брзина на такт од 3.68GHz/4.6GHz и 70MB вкупен cache. Тука е и моделот Ryzen 7 3800X, со цена од 399 долари. Овој модел има осум јадра и 16 16 thread-ови со тактови од 3.9GHz/4.5GHz.

Следниот модел во Ryzen 7 линијата е 3700X, со цена од 329 долари. Процесорот има осум јадра и уште помала потрошувачка од претходните модели (65W TDP). AMD истакнуива дека овој модел е за 15 проценти побрз од 2700X моделот од претходната генерација во single-threaded Cinebench R20 тест, како и за 18% побрзи во multi-thread.

На крајот, Ryzen процесорите од трета генерација ги заокружуваат Ryzen 5 3600 (цена од 199 долари, шест јадра и 12 thread-ови), како и 3600X (95W TDP).