Компанијата Apple во аудиториумот „Стив Џобс“ во Купертино во американската сојузна држава Калифорнија, го претстави сопствениот стриминг сервис Apple TV+.

Оваа услуга ќе биде достапна во повеќе од 100 држави, па можеме да претпоставиме дека и ние ќе можеме да уживаме во неа. Меѓутоа, ништо од тоа пред есента, а цената се уште е голема непознаница. Преку оваа платформа ќе може да се гледаат содржини од популарните кабелски телевизии, како и ексклузивни видео содржини од самата компанија.

Во Apple TV+ ќе бидат обединети програмските шеми на повеќе стриминг сервиси, како и ТВ канали, кои ќе му овозможат на гледачот да ги следи сите негови омилени програми. Помеѓу нив се Amazon Prime, Hulu, ESPN+, ABC и NBC.Претходно Apple веќе склучи договори со ТВ ка налите HBO и CBS.

https://youtu.be/Bt5k5Ix_wS8

„Дизајниравме ново ТВ искуство каде можете да платите за да ги гледате каналите кои ви се омилени, сите во една апликација, со лозинките кои веќе ги имате. Симнете ги и гледајте ги вашите омилени програми секогаш и секаде“, изјави Питер Стерн од Apple.

За време не презентацијата беше соопштено дека компанијата ја обновува информативната платформа Apple News, преку која претплатниците ќе имаат можност да читаат над 300 различни светски списанија. Месечната претплата за Apple News+ изнесува 9,99 долари.

Apple исто така откри дека пушта во употреба и нов сервис за игри Arcade. Оваа платформа дава можност за пристап до App Store каде може да се симнуваат стотици компјутерски мобилни игри. Претплатата за овој сервис, достапен во 150 земји, се уште не е одредена.

https://youtu.be/RrdbT4hpwBk

Врз основа на успешноста на Apple Pay, Apple сега претстави сопствена кредитна картичка. Се работи за иновативно решение, со дневни плаќања, интерфејс посветен на купувачите, интеграција на апликацијата Wallet и исклучително високата заштитеност на информациите. Goldman Sach ќе ја преземе улогата на одговорна банка, и – секако – ние во тоа се уште нема да уживаме. Сепак, тука и натаму е Revolut, кој сега ќе загуби доста корисници во Америка, но се надеваме дека затоа дополнително ќе се насочи на Европа.