На годинашниот CES, кој беше одржан на почетокот на јануари, LG најави дека ThinQ AI TV серијата за 2019. година ќе го поддржува Amazon Alexa асистентот. Тоа ветување е исполнето и овој гласовен асистент наскоро ќе стане активен во 14 држави. Alexa ќе им биде достапна на сите ThinQ 4K модели, вклучувајќи ги и NanoCell и OLED моделите.
Сопствениците на овие телевизори многу брзо ќе бидат во можност да им пристапат на бројните Alexa функционалности, да поставуваат прашања, да контролираат уреди, без потреба да имаат некој друг Alexa уред во домот. Како и кај останатите Alexa уреди, и на LG телевизорите е можно да им се зададат серија операции кои ќе се активираат преку само една гласовна команда.
LG 2019 OLED и некои NanoCell телевизори, исто така, ќе добијат AirPlay 2 и HomeKit, преку унапредувањата кои се очекуваат кон средината на оваа година. Тоа ќе им овозможи на корисниците да го користат Siri за контрола на HomeKit uredite, како и да ги прегледуваат видео снимките и фотографиите со употреба на Apple TV апликацијата.
Корисниците на LG телевизори во Северна Америка ќе добијат поддршка за Alexa асистентот до крајот на овој месец, а неколку недели потоа се очекува и дека ова унапредување ќе пристигне и до корисниците во Западна Европа.
Поврзани артикли