Француската компанија Wiko го претстави новиот entry-level смартфон Wiko Y80, кој за цена од 99 евра нуди 6-инчен дисплеј и батерија со капацитет од 4000 mAh.
Француската компанија Wiko го претстави својот нов entry-level паметен телефон Wiko Y80. Се работи за мобилен уред, кој за цена од 99 евра нуди 6-инчен HD+ IPS екран во 18:9 формат и батерија со капацитет од 4000 mAh.
Бидејќи се работи за основен уред, Y80 работи на послабо познатиот 28-нанометарски Unisoc SC9863A чип, кој содржи осум ARM Cortex-A55 процесорски јадра на такт од 1,6 односно 1,2 GHz, IMG8322 графика и LTE Cat. 4 модем.
Тука е и 2 GB RAM, 16 GB интерна меморија проширлива со microSD картички, двојна задна камера (комбинација на 13-мегапикселен и 2-мегапикселен сензор) и 5 мегапикселна селфи камера.
Постои поддршка за Bluetooth 4.2, microUSB 2.0 приклучок, како и 3,5-милиметарски аудио влез за слушалки. Оперативниот систем е Android 9.0 Pie, а самиот Wiko Y80 на пазарот пристигнува кон крајот на месецот.