Фотографија од промотивниот постер за паметниот телефон Nokia 5.1 Plus се појави на Интернет со што се откри датумот за официјално претставување на уредот.

Премиерата на телефонот Nokia 5.1 Plus, според наведеното, би требало да се одржи на 11. јули во Кина. Во оваа земја уредот со 32 GB простор за складирање податоци ќе чини околу 120, додека верзијата со 64 GB ќе чини околу 150 долари.

Инаку, што се однесува до споменатите цени, треба да се има во предвид дека тие ќе бидат поразлични кога телефонот ќе биде пуштен во продажба на глобалниот пазар.

Објавената фотографија од новиот уред потврдува дека телефонот ќе има т.н. „заб“ (notch) во врвот на екранот.

Карактеристиките на уредот се познати од претходно. Nokia 5.1 Plus ќе има екран со дијагонала од 5.86 инчи во резолуција од 1.520 x 720p, потоа чип од серијата Snapdragon 600 или Helio P60.

Во понудата ќе се најдат верзии со 3 GB, 4 GB и 6 GB RAM, како и 32 или 64 GB простор за складирање на податоците.

На задната страна на уредот ќе се најдат две камери со сензори од 13 и 5MP, додека предната „селфи“ камера ќе има сензор од 8MP.

Nokiа 5.1 Plus ќе добива енергија од батеријата со капацитет од 3.000mAh.

Извор: B92.net