Познатиот дојавувач OnLeaks и сајтот 91Mobiles објавија рендери, кои наводно го прикажуваат претстојниот Google Pixel 4a смартфон. Главна карактеристика на овој модел би требало да биде 5,7 или 5,8-инчниот дисплеј, со punch-hole селфи камера.

Ова сугерира дека телефонот нема да користи отклучување со скенирање на лицето, а сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа на задната страна. Исто така, на задната страна се наоѓа и само една камера и можби уште некои дополнителни сензори сместени во камера модул.

Се уште има многу непознаници за Google Pixel 4a телефонот, а се очекува дека ќе пристигне со Snapdragon чипсет од средниот сегмент. Можно е Pixel 4a телефонот да биде претставен во текот на Google I/O конференцијата напролет.