Во последните 130 години, килограмот како единица мерка е дефиниран со физички цилиндар направен од легура на платина и иридиум, кој се чува во Меѓундародното биро за тегови и мерки во Франција.
Меѓутоа, секој пат кога научниците го земале тој цилиндар во раце, тој губел атоми, па се проценува дека сега е 50 килограми полесен отколку што бил кога е направен.
Поради тоа, научната заедница едногласно ја усвои новата дефиниција за килограм, која на сила стапува на 20. мај.
Од тој датум, килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Таа константа го изразува односот во квантаната физика помеѓу енергијата и зачестеноста на честичките.
Новата дефиниција е добиена со помош на уредот што се вика Киблеов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на предметот со употреба на прецизно измерената електромагнетна сила.
Оваа одлука има историско значење за научната заедница, но во пракса и во секојдневната примена нема да има никакви промени.
Извор: B92.net