Првиот флексибилен телефон на Motrola би требало да ги комбинира новите технологии со класичниот дизајн. Moto Razr 2019 ќе го врати на мапата популарниот модел на компанијата, кој претходеше на времето пред појавата на смартфоните, но ќе имплементира и модерни карактеристики кои ги поседуваат актуелните премиум модели.
Додека Samsung, Huawei и другите производители ги развиваат своите флексибилни уреди да се свиткуваат како книга или во три дела, Moto Razr ќе се свиткува како преклопен телефон. Сега се појави кратко видео кој прикажува како ова ќе функционира.
Кога му е склопен екранот, Moto Razr изгледа како и било кој друг смартфон со голем екран. Во оваа фаза, телефонот е лесно да се држи во џеб, а главниот екран е заштитен. Тука и помалиот, секундарен екран, за приказ на известувања и други информации додека телефонот е склопен.
Видеото сугерира дека уредот ќе биде достапен во црна, сина и црвена варијанта.