Технолошкиот гигант Apple ја претстави својата нова TV апликација којашто ќе биде достапна во повеќе од 100 земји во светот. Преку неа кориснците ќе можат да се претплатат на телевизиски канали како што се HBO, Showtime и Starz.
Apple планира да додаде уште канали во иднина, а новата апликација ќе биде достапна на моделите iPhone, iPad и одбрани паметни телевизори, додека за моделот Mac ќе биде овозможена наесен.
Корисниците ќе можат да ја одберат опцијата Family Sharing којашто овозможува шест членови на едно семејство да делат претплата на каналите од Apple TV, а ќе има опција и за преземање на содржини што подоцна ќе можат да се гледаат offline.
Компанијата нуди персонализирани препораки за шоуа и филмови од 150 видео апликации и и стриминг услуги, како и нова програма за деца. Apple за креирање на сопствена содржина одвои една милијарда долари
Поврзани артикли