На претставувањето на Samsung Galaxy Note 10 ќе чекаме уште неколку месеци, но полека се создава слика за тоа што можеме да очекуваме.
Деталите за претстојниот смартфон полека протекуваат, а последните шпекулации се однесуваат на боите во кои ќе биде достапен.
Минатата година Galaxy Note 9 беше понуден во шест бои, а оваа година понудата би можела да биде ограничена на пет. Претстојниот Galaxy Note 10 би требало да биде достапен во црна, бела, сребрена, црвена и розева боја. Забележително е дека недостасува виолетовата боја, која беше клучна за Galaxy Note 9.
На Twitter се појави информација дека барем една од боите ќе има градиент ефект.
Меѓу останатите гласини е и онаа која говори дека Samsung би можел да понуди две верзии на Galaxy Note 10, од кои една ќе ја носи ознаката Pro.