Производителот на апарати за домаќинство и електроника, Hisense, подготвува вистински хибрид на паметен телефон и компактeн фото-апарат.
Иновативниот уред повеќе личи на фото-камера затоа што има голема леќа веројатно со оптички зум. На задната страна е голем екран на допир.
Се чини овој хибриден апарат нема предна камера. Истиот ќе има стандарден 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, порта за USB тип-C, копчиња за контрола на јачината на звукот и копче за вклучување/исклучување.
Барањето за патент е поднесено во 2018 година, но дури сега документот стана јавно достапен. Претходно сличен уред под името Galaxy Camera го понуди корејскиот производител Samsung.