microSD картичката на SanDisk од 1 TB чини 449 долари

Extreme MicroSD мемориската картичка на SanDisk со капацитет од 1 TB ја има најголемата меморија од сите мемориски картички достапни на пазарот, а исто така ја има и највисоката цена – 449 долари.

Картичката е пуштена во продажба во одредени земји, а за достава се чека околу три месеци. Станува збор за мемориска картичка која има брзина на читање од 160 MB/s и пишување од 90 MB/s.

Оваа мемориска картичка пред се е наменета за снимање на видеа во 4К резолуција, со оглед на тоа што покрај големиот капацитет, нуди и голема брзина на трансфер на фајловите.

Extreme MicroSD можете да ја купите преку Амазон, но засега испораката се врши во Германија, Шпанија и Велика Британија, иако се очекува набрзо мемориската картичка на SanDisk да биде достапна насекаде низ Европа.

Моментално MicroSD мемориската картичка на големиот ривал Самсунг од 512 GB чини 99,99 долари на Амазон, додека пак Ultra MicroSD мемориската картичка на SanDisk од 400 GB е намалена на 56,99 долари.

Извор: Klix.ba