Компанијата Huawei е подготвена да потпише договори за нешпионирање со владите, вклучително и британската Влада, изјави денеска претседателот на кинеската телекомуникациска компанија, Лианг Хуа.

САД им порача на сојузниците да не ја користат Huawei технологијата за изградба на новата 5G телекомуникациски мрежи поради загриженоста дека истата би можела да биде средство за шпионирање. Компанијата ги негира таквите обвинувања.

– Ние сакаме да потпишеме договори за нешпионирање со владите, вклучително и британската Влада, да се посветиме на тоа нашата опрема да биде во согласност со стандардот на нешпионирање, без споредни врати, посочи Лианг во Лондон.