Апликацијата WhatsApp, која месечно ја користат повеќе од 1,5 милијарда луѓе, работи со многу податоци во вид на пораки, слики и аудио снимки – па поради тоа, апликацијата соработува со Google за да понуди безбедносни копии од сите овие податоци.

Добрата вест е во тоа што технолошкиот гигант се согласил на корисниците на WhatsApp да им овозможи да направат резервни копии од своите профили, на тој начин што тоа нема да им одземе нималку простор од бесплатните 15 гигабајти податоци на кои имаат право.

Лошата вест, пак, е во тоа што овој нов бран на безбедносни копии би можел да ги избрише старите податоци, па така што доколку корисниците не направат копија до 12 декември, тогаш тие би можеле да ги изгубат своите податоци.

Новиот договор помеѓу WhatsApp и Google предвидува сите податоци, слики, видеа и аудио снимки да бидат на безбездно, а притоа корисниците да немаат потреба да потрошат дополнителен простор на Google Drive.