Недолго откако Google ги објави своите Pixel телефони, наменети за средниот сегмент на пазарот, популарниот сајт iFixit одлучи Pixel 3a и Pixel 3a XL да ги подлегне на своите тестови. Сајтот ни овозможи да ѕирнеме во споменатите телефони, како и да дознаеме колку се тешки за сервисирање/поправање.
Како и поскапите Pixel 3 модели, Pixel 3a линијата исто така има Samsung OLED екрани, како и иста камера на задната страна. Меѓутоа, поскапиот хардвер како Pixel Visual Core чипот, безжично полнење и водоотпорност, не е присутен во овие модели.
Некои од измените на Pixel 3a линијата, овие телефони ги направија помодуларни и полесни за поправање. Ако го сакате присуството на 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки, а не ги сакате цените кои изнесуваат приближно 1000 долари или евра или едноставно сакате сами да го замените USB-C портот без испраќање на телефонот на сервис, Pixel 3a и Pixel 3a XL се модели кои ќе ви го понудат токму тоа.